,,Со речиси 20 албуми зад себе и 30 годишна кариера, Eros Ramazzotti остава траен белег на светската музичка сцена. На нашата средба, непосредно пред вечерашниот концерт, промуабетивме за првиот контакт со музиката преку неговата гитара на 7-годишна возраст, па се до интернационалниот успех во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Зборувавме и за неговата втора страст – здрава животна средина“, се пофали претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи.

Тој со својата сопруга се сретнаа со мега ѕвездата Ерос Рамацоти, кој одржа спектакуларен концерт во Скопје.