Рим не е само туристичка дестинација, убавиот Рим е и секојдневен живот на милиони жители и странци кои претстојуваат тука.

На летните температури кои деновиве се многу високи, а се очекуваа 50 степени Целзиусови, градот е затрпан со отпад.

Контејнерите се преполни, околу нив ѓубре и непријатен мирис.

Рим вчера

Жителите на Рим се бесни на градоначалничката Вирџинија Раџи , кој пред три години победи со убедливо мнозинство пред другите кандидатит.

Вирџинија Раџи

Оваа 40 годишна адвокатка, е претставник на популистичкото движење ,,5 ѕвезди“, но не може да се справи со еден од главните проблеми, ѓубрето.

Овој бизнис го контролира мафијата, а пред три години беше затворена главната депонија и отогаш трае борбата за преземање на овој бизнис.

Граѓаните на Рим ја повикуваат градоначалничката да излезе и да прошета по Рим да види што се случува, а ако не е способно да го реши проблемот, да си даде оставка.