И СДСМ си има своја Силвана Бонева

Пратеничката на СДСМ од Кочани, Мира Стојчевска, повторно ја иритира јавноста , овојпат со изјавата во стилот на некогашната политичка ведета на ВМРО ДПМНЕ, Силвана Бонева. Претходно таа имаше небулозно оправдуваање околу нејзините високи патни трошоци што ги зема секој месец од Собранието,поради што и го заработи прекарот Мира дизел.

Имено, Стојчевска за порталот А1он изјавила дека таа не знаела дека нејзиниот син аплицирал за работа во државното претпријатие ЕЛЕМ, каде од вчера веќе тој работи.

,,Нашите деца секако некаде ќе бидат вработени. Мојот син првин аплицирал, па потоа ми го соопшти тоа. Јас сум немала апсолутно никакво влијание во одлуката на ЕЛЕМ тој да биде вработен. Имајте во вид дека градежни инжеенери се дефицитарни“-вели Мира за А1 он.

Нејзиниот син работел во приватна фирма, па Катастар, и сега во ЕЛЕМ.

Епидемијата на државни вработување на деца и роднини на функционери на СДСМ, ја разгневи јавноста, која ја потсетува оваа партија на сите пресови одржани во време кога беа опозиција против клиентелизмот на ВМРО ДПМНЕ и ветувањата дека ќе градат професионална администрација , а не партиска.