И слоевите почва се преполни со ѓубре

Неверојатни се димензиите на онечистување на нашата земја. И над земја и под земја. Македонија е е ден голем ѓубралник.

О2 Коалиција бара одговор што се случува со почвата во Ново Лисиче.

,, Ново Лисиче, последна 5ка. Ископан канал за цевковод. Наместо низ земја, низ ѓубриште се копа. Во близина се куќи, паркче, патека за рекреација покрај Варадар. Од другата страна на Варадар е депонијата за градежен отпад, стационарот Вардариште, бившата градска депонија Вардариште.

Се копа низ ѓубре, каква земја. Слоеви и слоеви на ѓубре.

Златко Марин и Општина Аеродром што се случува во овој дел од Ново Лисиче и зошто ридовиве од ѓубре се оставени вака, без некој да преземе нешто? Зошто ѓубриште на овој потег покрај Вардар? Што чекате? Повторно со земја да се затрупа ѓубрево, да не се гледа? Овој отпад треба да се дислоцира, исто како што треба тој во Шутка кај Визбегово. Шминка не ни треба. Алергија добивме од неа. Не затрупувајте го со земја ѓубрево да не се гледа, туку расчистете како треба депонииве, па наместо врз слоеви на отпад, врз земја да газиме“-бараат одговор од О2 Коалиција.