Мал број кавадарчани денеска беа сведоци на необичната борба против коронавирусот, со оглед на мерките и препораките да се седи дома.

Но, не остана незабележан обидот на свештенството од овој град, качени на миниван, да ,,придонесат“ во борбата против коронавирусот.

https://twitter.com/BazeLazevski/status/1242749707153219586
Старт на ,,бркањето“ на вирусот низ Кавадарци

Кавадарчани кои се сведоци на овој чин, поставија видео снимки и фотографии на социјалните мрежи.

Инаку, денеска вакви верски обреди имаше и во Велес, Гевгелија и други места кои припаѓаат на Повардарската епархија.

Насловната фотографија е од Велес, како што укажаа некои наши читатели.

АКО.мк