Кадарот на Груевски, Глигор Ташковиќ, најави дека ќе биде дел од Владата на СДСМ

Еден од првите министри коишто на почетокот од своето владеење Никола Груевски ги донесе од дијаспората, Глигор Ташковиќ, на својот ФБ профил најави дека наскоро се враќа во Македонија како дел од новата Влада предводена од Зоран Заев.

Ако се разгледа патот на оваа крајно невообичаена информација и одлука на новата Влада да го вдоми овој благонадежен , но неуспешен кадар од времето на Груевски, ќе се види дека тој уште во септември бил дел од македонскиот тим кој го слушал обраќањето на премиерот Заев пред Обединети Нации.

Во февруари Ташковиќ со постирање на фотографија пред новата фасадирана зграда на македонската Влада го најавува своето враќање во Македонија.

На ФБ профилот го прашуваат што бараш во Македонија, да нема нешто ново, да не работиш пак во МК, а тој вели:

,,Да, наскоро, ќе ја објавам мојата нова позиција во новата влада на Македонија, само чекам тоа да стане официјално„,-пишува Глигор Ташковиќ на ФБ.

Дури, некои од неговите пријатели го прашуваат да не е тоа Премиер или Претседател, а тој одговара дека за едното треба да има постојано престојувалиште во Македонија подолго од 10 години, а за другото поддршка од некоја голема политичка партија.

Во друга објава Ташковиќ се фали дека го собрал во ресторан својот стар тим кога бил министер во Владата на Груевски, од 2006-2008 година.

(,,Reunion Dinner with my Cabinet when I was the Minister for Foreign Investment of the Republic of Macedonia (2006-2008). Not on FB (but pictured here) is my kick-ass security guard and expert driver Bojan. I should also note that this was the first multiethnic cabinet ever in the history of the country — a fact of which I am quite proud.“)

Image may contain: 8 people, people smiling, people sitting, table and indoor
Еве што пишуваше весникот Вечер за Глигор Ташковиќ, пред да биде ангажиран во владата на Никола Груевски:
Глигор Ташковиќ, потпретседател на корпорацијата АМБО, ќе биде ангажиран во идната влада на Груевски како вицепремиер за привлекување на странски инвестции. Ташковиќ ја прифатил понудата, како еден од двајцата вицепремиери за странски инвестиции, мерка што Груевски ја најави во својата програма “Преродба во 100 чекори”. Покрај Ташковиќ, на третата вицепремиерска функција и Зоран Ставревски од Светска банка, се планира да биде ангажиран и Џон Јоновски, Австралиец со македонско потекло, кој кратко време беше советник на една од владите на СДСМ и работеше на подготовката на издавањето на првата македонска евробврзница. И Ташковиќ и Јоновски имаат многу голем углед во американската и европската бизнис и финансиска јавност. Глигор Ташковиќ е во АМБО корпорацијата од 1994 година. Тој е внук на познатиот македонски бизнисмен и архитект Вук Ташковиќ, основач и претседател на проектот АМБО. Од март 1992, Ташковиќ помагаше во администрацијата на претседателот Киро Глигоров, а од крајот на 1999 и во администрацијата на претседателот Борис Трајковски во областа на економскиот развој. Има искуство и во дипломатијата. Работел со девет од најголемите компании во Македонија, од воздухопловниот, конфекционерскиот, металскиот, хотелскиот, фармацевтскиот, трговскиот, осигурителниот и секторот телекомуникации.“
Глигор Ташковиќ, како и во сите свои претходни ангажмани ,не покажа никакви видливи резултатити во владата на Груевски, по што Груевски му се заблагодари во 2008 година.
Еве што пишуваше во 2010 година за ова Јанко Бачев:

Линк: Глигор Ташковиќ и другите министри од дијаспората се промашена инвестиција

АКО.мк