Казна до 2.500 евра за родителите во Германија за невакцинирано дете од сипаници

Од март 2020 година во Германија стапува на сила новиот закон кој е усвоен вчера во Бундестагот, со кој вакцинирањето против сипаници е ЗАДОЛЖИТЕЛНО.

Родителите ќе се соочат со високи казни доколку одбијат да ги вакцинираат своите деца, а без медицински доказ за имунизација нема да може да ги запишуваат во училиште и во градинка, јавува Дојче Веле.

Иако доосега вакцинирањето против сипаници во Германија не беше задолжително, процентот на вакцинирани деца се движеше од 93-95 посто.

Но, сега со анти=кампањите и миграциите се зголемува опасноста од епидемија.

За германските власти е алармантен податокот дури и за две деца заболени од сипаници, како што беше случајот во ОУ ,,Оскар Шиндлер“ во местото Халдешајм, по што сите деца, вработени и родителите мораа да ги покажат своите здравствени картони.

Здравствените власти препорачуваат родените по 1970 година да ги проверат своите имунолошки карти и да се вакцинираат доколку тоа не го сториле досега.

Во Германија минатата година имаше околу 500 заболени од сипаници.

85 проценти од населението поддржува задолжителна вакцинација.