Какви се ефектите од забраната за емитување домашна музика

Радио мрежата Канал 77 организираше дебата на тема какви се ефектите од забраната на ЗАМП за емитување на домашна музика. Забраната важи само за медиумите кои се најдоа меѓу чеканот и наковалната. Ако емитуваат се соочуваат со казна,ако не емитуваат може Агенција за медиуми да им ја одземе лиценцата. Гости на емисијата Ноќен експрес чиј водител е Столе Наумов беа сопственикот на К77 Горан Гаврилов , Иван Мирчевски од К5, Ранко Петровиќ од Радио Буба Мара, и претставници на ЗАМП и на СОКОМ МАП.