По тримесечно затворање поради епидемијата на ковид 19, пред неколку дена со одлука на Владата на Велика Британија, пабовите почнаа со работа.

Англиските, но и светски медиуми беа преплавени со фотографии од лондонските улици каде се концентрирани пабовите. Како пуштени од синџир, илјадници луѓе поитаа во своите омилени места, притоа не водејќи сметка за социјална дистанца, однесување, количина на испиен алкохол и лична и здравствена безбедност.

Не помогна ниту набљудувачницата поставена на една од најпрометните лондонски паб улици, на која стоеше полицаец.

Само за едно деноноќие полицијата добила најмалку 1.000 пријави за проблеми, алкохолизирани луѓе како лежат по улиците или недолично однесување.

Се проценува дека угостителската индустрија поради пандемијата, во Велика Британија ќе претрпи 15 милиони фунти штета само за овие три месеци.

Повеќе фотографии од изворот:

.dailymail.co.uk