Како и зошто ,,Трансмет” ќе ја обновува обиколницата

K

,,Откако после три месеци ништо не направи власта реши работата за санација на обиколницата да ја даде на фирмата Трансмет, се работи за фирма чии сопственик е блискиот пријател на Никола Груевски, Сеад Кочан. Се работи за истиот оној човек којшто Никола Груевски го споменува во бомбите како оној со Сеат Ибица, кога мести и други тендери за него. Се работи за фирма којшто само за 2012 година до денес, има добиено над 63,4 милиони евра работа од страна на државата. И, се работи за истиот човек којшто ја отвори Телевизија НОВА, наменски за да ја фали власта пред избори.

 

Се согласуваме дека е итно потребна санација на обиколницата, ама итно значи дека до сега таа требаше да биде направена, а не да се калкулира работата да ја добие фирмата Трансмет.

 

Претходно, од Министерство за транспорт и врски информираа  дека, како што тврдат, целата постапка е спроведена транспарентно и согласно важечките законски прописи во Република Македонија. Јавното претпријатие за државни патишта согласно важечкиот Закон за јавни набавки достави барање за добивање на согласност до Советот за јавни набавки за користење на постапка со преговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност. Имено Јавното претпријатие за државни патишта не можеше да ги предвиди настаните кои доведоа до крајна итност затоа што се предизвикани од објективни околности на кои неможеше да се влијае.

На 15.09.2016 година Советот за јавни набавки донесе Решение со кое се дава согласност за користење на постапка со преговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност.

На 16.09.2016 година беа доставени покани за преговарање до следните 5 (пет) економски оператори и тоа: „Илинден“од Струга, „Трансмет“од Скопје. „Ескаватори– МК“ од Скопје, „Бетон“ од Скопје и „Гранит“ од Скопје.

Сите 5 (пет) економски оператори доставија свои понуди и учествуваа на преговорите при што беше избран економскиот оператор „Трансмет“ кој понуди најниска прифатлива цена и тоа во износ од 139.976.534,00 денари без вклучено ДДВ или 165.172.310,00 денари со вклучено ДДВ“, појаснуваат о Министерството за транспорт и врски-се вели во објаснувањето на МТВ..