Како Македонците во Албанија ќе станат Бугари во Албанија?

 

 

Со години во македонската наука се говори за потребата од систематско истражување на македонското културно наследство во Албанија, но попусто. Македонските министерства задолжени да ја помагаат македонската научна дејност и македонската култура цела деценија се зафатени со расфрлање пари за секакви потреби освен за националните во однос на македонското национално малцинство во Албанија.

Секако, свој придонес кон оваа состојба има и Министерството за надворешни работи на РМ со својот избор на амбасадори во Албанија, за што поопширно би пишувале друг пат.

Затоа пак, догогодишната упорна работа на бројните бугарски научници, емисари и политичари за одмакедончување на Македонците во Албанија, се чини почнува да вродува со плод. Имено, не станува збор сега само на „научно“ докажување на бугарските корени на Македонците, туку се отиде подалеку. Бугарија, како земја член на ЕУ сега има можност и на меѓународен план да го промовира своето вешто „спакувано“ душегрижништво за Бугарите во Албанија.

Овој пат, станува збор за тоа дека „…Во историски извештај, Европскиот парламент за прв пат во своите годишни извештаи за напредокот, ја повикува Албанија да го признае бугарското малцинство во земјата. Европратениците Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски обезбедија поддршка за важните измени во извештајот.

За тоа Ковачев изјавил:

“На вчерашната седница на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент во Извештајот за извештајот на Комисијата за Албанија за 2016, беа донесени мои амандмани поврзани со правата на историското бугарско малцинство во Албанија и изградба на Паневропскиот транспортен коридор VIII. Сакам да се заблагодарам на мојот колега, Ангел Џамбаски, со кој заедно работевме за обезбедување на мнозинство на сите поправки поврзани со бугарскиот национален интерес“.

Официјалниот текст на прифатените амандмани и објавата на самиот Андреј:

„…забележува дека се потребни дополнителни напори за да се заштитат правата на сите малцинства во Албанија, преку целокупното спроведување на соодветното законодавство; препорачува правата на лицата со бугарски етничко потекло во регионот на Преспа, Голо Брдо и Гора да бидат вклучени во законодавството и нивните права гарантирани во практика;

Бугарите во Албанија,  кои според неофицијални податоци се меѓу 50 000 и 100 000 луѓе чекаат со децении да бидат признати за официјално малцинство. Ковачев прецизира дека во 1932 година согласно резолуција, усвоена од Втората балканска конференција во Истанбул, двете страни потпишаа финален протокол, во кој дословно се вели следново: “чл.1: Албанската делегација го признава постоењето на македонско малцинство во Албанија.” Поради промена во владите и настапувачката светска војна, резолуцијата и не е ратификувана. Прашањето оттогаш до денес е поставувано секогаш.

Меѓу прашањата кои се од чувствителен карактер за бугарската страна и билатералните односи, е прашањето за правата на лицата од бугарско етничко потекло. Во Албанија официјално се признати три национални малцинства (грчко, “македонско” и српско-црногорско), како и две етно-лингвистички – ромско и влашко / арумънско. Бугарската етничка група не е призната. Тоа е негативно за Бугарија бидејќи таквата состојба создава значителни предности во однос на Р Македонија, која со години спроведува намерна политика за одобрување на тезата за “македонскиот карактер” на населението од бугарско потекло во Албанија.

Според Ковачев, почитувањето на правата на немнозинските заедници е еден од најважните критериуми кои кандидатките треба да ги исполнат за да можат да се приклучат на ЕУ. “Во овој поглед, во Албанија не треба да се дозволи дискриминација кон етничките малцинства, вклучувајќи и кон бугарското, единственото непризнато историско малцинство, кое со децении чека да биде признато.”

Другата измена, која беше усвоена гласи: препорачува на надлежните органи да се забрза изградбата на големи инфраструктурни проекти како железничката врска и модерната автопат меѓу Тирана и Скопје, како дел од Коридорот VIII,; тоа е од интерес за Бугарија, која постојано го поставува прашањето за потребата од систематски и Фокусирани напори за изградба на сите делници по должината на Коридорот 8, кој треба да ги поврзе Албанија, Македонија и Бугарија од гр. Драч до гр. Бургас.

Извештајот треба да биде изгласан за време на пленарната сесија на ЕП во февруари во Стразбур.”

Овој текст е преземен од

http://andrey-kovatchev.eu/post/komisiyata-po-vanshni-raboti-na-evropeyskiya-parlament-kam-albaniya-priznayte-balgarskata-etnicheska-grupa-v-stranata-8342

 

За волја на вистината бугарскиот пратеник ја наведува цифрата на „Бугари“ во Албанија која никогаш ја немало, а тоа е цифрата на Македонците во Албанија.

Териториите, кои исто така се спомнуваат во овој допис, никогаш не биле населени со Бугари, за што сведочи и самото македонско население. Но, политиката на Бугарија која со децении се обидува да го обезличи македонското население како Бугарско не само во Бугарија,  туку и во Македонија и во Албанија продолжува со несмалено темпо.

Најдобар показател за тоа дека македонското население во Албанија нема бугарски корени се книгите кои тоа население ги пишува и печати за своите корења, како сведоштво за идните поколенија. Како на пример оваа книга:

 Книгата содржи повеќе податоци за Македонците во Република Албанија, нивниот живот, културна афирмација и организација. Промоцијата на книгата е по повод одбележувањето на 145. годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.

 

Проф.д-р Катерина Тодороска