Како станав државен непријател

Од Маријана Шеќибовиќ,професор

Згрозена сум од говорот на омраза кој отворено се пропагира заради поинакви уверувања. Тоа е причината за овој текст.

Свесна дека живееме во турбулентни времиња, кога кризата на сите нивоа е доведена до вжештување, во време кога со Европска Унија се манипулира и никој не ја кажува вистината, затоа што со нејзино кажување би се изгубило купувањето време, но, не се плашам од зборовите што ги изговарам и кои ги ставам на хартија.

Се гордеам со Вас кои сте мои пријатели на оваа социјална мрежа и сите многу Ве почитувам, иако не сме со иста верска определба, ниту со исти политички убедувања. Ве сакам затоа што сте отворени и затоа што секој на свој начин сака да направи нешто добро за општеството во кое живее.

Обвинета сум дека работам против интересите на Република Српска и против српските национални интереси, дека сум исламистички провокатор, дека работам под занамето на Кундех(не знам какво е тоа знаме, а би сакала да знам), дека работам на геноцид во Европа.

Од толку тешки обвинувања, ќе тргнам од  ,,Кундеховото знаме“, бидејќи и покрај сите пребарувања, не успеав да најдам приказна за ова знаме, туку наидов на приказна за Ѓуро Кундек, трговец, градоначалник на Иваниќ-Град, хуманитарец, кој живеел од 1854 до 1901 година.

На http://www.prijatelji-bastine.hr/znamenite-osobe-ivanica/duro-kundek, можете и сами да се уверите дека станува збор за човек кој во својот тестамент оставил 355 илјади круни, од тоа 10.000 за Медицински факултет, а на својот роден град околу 200.000 за општински и школски потреби. Следен на кој наидов е Јосип Кундек, хрватски поет и мисионер, роден 1809 година во Иваниќ-Град, а починал во Индианополис во САД во 1857. Овој Кундек стидирал теологија во Загреб, а станал свештеник во 1833 година. Истражувајќи дојдов и до податоци дека презимето Кундек го носат повеќемина од околината на Пожега(вклучувајќи го и Кундех) и е присутно во 10 држави на четири континенти. Научив и дека знамето на Херцеговина од 1878 до 1918 било црвено-жолто. Барајќи да си објаснам зошто ме обвинуваат, дојдов до нови сознанија и запознав нови прекрасни луѓе.

Благодарам за обвинувата дека работам под Кундехово знаме! За да ви појаснам од каде само приказната за вакво знаме, видете ја само мојата cover фотографија на ФБ и ќе видите дека зад мојот грб стои крст со сонце, што не е никакво знаме на Кундех, туку на Паневропска Унија чиј основач е Richard (grof) Coudenhove – Kalergi. За самата Паневропска Унија може да прочитате на http://www.paneuropa.ba/o-nama/.  Со гордост истакнувам дека сум член на Паневропска Унија за Босна и Херцеговина.

Да се вратиме на обвинувањата дека работам против интересите на Република Српска и српските национални интереси. Живеам во Федерација Босна и Херцеговина и мажена сум за муслиман , образувам млади Бошњаци, Хрвати и Срби и другарувам со Бошњаци и Хрвати. Зборувам на трибини, и да, држам предавања на Бошњаци, како што вели оној што ме обвинува.

Драги пријатели, вакви обвинувања би биле смешни , да не се тажни. Испрани мозоци има на сите страни. Иронија е додека живеам во Коњиц(мал убав град на Неретва, под падините на Прења, од каде точно почнува Херцеговина) и давам се од себе да ги образувам младите, екстремните Бошњаци сакаат Рефик и мене да не избркаат и да ни го одземат факултетот. Слободно можам да го употребам тој глагол-одземат, кој значи насилно да се присвои нешто, затоа што образовните власти во Б и Х прават се за да ги избркаат Шеќибовиќ. А зошто некој сака да не избрка? Е…тоа е клучното прашање.

Овде каде што живееме не е популарно да се воспоставуваат стандарди во образованието, бидејќи на тој начин ги разобличувате незнаењето и неспособноста кои се присутни во останатите високошколски установи. А кои сме ние да воведуваме некои нови правила и со тоа да го реметиме системот кој ,,совршено“ фукционира за оние што го воспоставиле? Најдобар пример за ова е пораката упатена до Рефик во еден разговор-,,Рефик, ти дојде на моите Босанци да им зборуваш за иновации и да ги спроведуваш овде?“. Да биде иронијата поголема, на овие Бошњаци инструкции им даваат токму овие Срби што мене ми се закануваат и ме обвинуваат.

Обвинувањата за геноцид во Европа не ги разбирам, па не можам да ги коментирам. Можам само да им се заблагодарам за влијанието што ми го припишуваат. Никој не може повеќе да ве воздигне од самиот непријател, кој мисли дека сте негов непријател, а вие не знаете дека имате непријатели.

Ве молам, за какви судири ние зборуваме меѓу Бошњаците и Србите? Ова е најдобар пример дека станува збор за чиста манипулација со народите кој низ годините осиромаши и материјално и духовно, народ кој веќе не знае на која страна да се сврти.

Целата приказна започна заради мојата јавна поддршка на Милан Стаматовиќ и тоа на ФБ , кој сака да се кандидира за Претседател на Србија. Никој ова не може подобро да го објасни од Ѓуро Шушњиќ:

-,, Навистина човек не може да предвиди во какви општествени, идеолошки и идејни контексти и интереси може да се вплете една идеја, информација, и како таа ќе се протолкува во зависност од перспективата на тие сили. Зборот е ваш, но последиците од тие зборови не се само ваши. Дури кога зборот е искажан со најдобри намери, многу често по некое време ви се враќа извртен и грд, исто како кога во светот ќе испратите младо суштество, а ќе ви се врати остарено и избрчкано чедо кое на првата средба не можете да го препознаете“.(Рибари на човечките души, Чигоја, Белград, 2004,стр,143)

И за крај…СРЕЌНА СУМ БИДЕЈЌИ СУМ ДРЖАВЕН НЕПРИЈАТЕЛ НА ВАКВИ СРБИ!

 

(Маријана и Рефик Шеќибовиќ се основачи и професори на Високата школа за туризам и менаџмент во Коњиц, Маријана Шеќибовиќ е декан на истиот факултет)