КАЛИОПИ – НОВ СИНГЛ “ПРЕСУДА”

“ПОНЕКОГАШ И ТАЖНИТЕ ЉУБОВИ МОЖАТ ДА БИДАТ УБАВИ”

Песната пресуда е комплетно авторско дело на нејзиниот композитор, текстописец и продуцент Ромео Грилл.

Калиопи за песната вели:

  
“Во оваа песна уживав во секој тон, во секоја буква и збор. “Пресуда” е тажна љубовна песна…А јас открив дека понекогаш и тажните љубови можат да бидат убави. Длабоко верувам дека публиката ќе ја засака, а можеби понекој и ќе се пронајде во неа. Му благодарам на Ромео Грилл што и овој пат мајсторски и вешто ги допре моето срце и душа, и што ме чини бесмртна. Пресреќна сум што премиерно ќе можам да ја отпеам ПРЕСУДА во живо на мојот концерт на 23.11. во Сава Центар во Белград.”

Песната е премиерно емитувана на официјалниот You Tube канал и нејзините друштвени мрежи а ја прати видео спот за чија реализација беше задолжена екипата на НН Медиа.