Каменос поднесе оставка, се доведува во прашање ратификацијата на Договорот од Преспа

Министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, по неуспешните разговори со премиерот, Алексис Ципрас,  поднесе оставка и најави дека од владата ќе ги повлече и шестмината министри од неговата партија.

Како што изјави, оставката ја поднесува во знак на протест против договорот за името со нашата земја.

Десничарската партија , Независни Грци, е во коалиција  ја поддржува владата на Алексис Ципрас од 2015 година, но од почеток не го поддржува Договорот од Преспа.

Со ваквата одлука на Каменос, се доведува во прашање мнозинството во грчкиот Парламент, кое му е неопходно на Ципрас за ратификација на Договорот за името со Македонија.

 Парламентарните избори  во Грција треба да се одржат до октомври. Коалицијата на премиерот Ципрас досега имаше 153 места во 300-члениот парламент, од кои 145 се од левичарската партија СИРИЗА.

По заминувањето на Каменос, Ципрас  се надева дека ќе се потпрат на пратениците од малата про-ЕУ партија Потами (Реката) за да го ратификуваат  договорот со Македонија, додека некои од пратениците на АНЕЛ, исто така, остануваат неодлучни во врска со договорот.