Каменуван штабот на прилепските социјалдемократи

Од ОО на СДСМ Прилеп информираат дека денеска, рано утрово, бил демолиран нивниот локален штаб во населбата Варош.
Според информациите кои доаѓаат од СДСМ Прилеп, кон просториите било гаѓано со камења, по полноќ, при што биле искршени надворешните стакла на штабот.

„Случајот е пријавен во полиција. Порачуваме дека ваквите провокации не можат да ги спречат демократските промени што носат живот за сите во Македонија, како што избраа граѓаните. Ќе живееме во праведно и правично општество, каде секој што го нарушува мирот на граѓаните ќе мора да одговара“, посочија од СДСМ Прилеп.

Исто така,непознати сторители ,ноќеска со камења ги искршиле надворешните стакла и на штабот на СДСМ во Драчево, соопштуваат од партијата и апелираат полицијата да работи на расветлување на случајот.