Камен темелници за пред камери

16 дена откако беше поставен камен темелникот за нови станови на припадниците на АРМ зад касарната ,,Илинден” во Скопје, таму не се случува ништо.

Само празни дупки полни со вода и куп камења.

Максим Димитријевски, претседател на комисијата за одбрана на СДСМ постави прашање зошто повторно се лажат припадниците на АРМ.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски кога го поставуваше камен темелникот рече дека тука ќе се изградат 32 стана за припадниците на АРМ кои го немаат решено своето станбено прашање , со минимално учество и на 240 рати.