Камери ќе ги ,,ловат“ несовесните возачи на автопатот Белград-Ниш

Сите оние кои мислат да патуваат кон Србија, од 15 октомври треба да знаат дека 56 камери кои се поставени на 14 локации во двете насоки на автопатот Белград-Ниш, ќе го регистрираат нивното однесување и брзината со која возат.

Секое пречекорување на дозволената брзина од 130 километри начас ќе биде казнето.

Првите три месеци ќе бидат пробни, но потоа секое прекршување на правилата ќе биде казнето и тоа камерите ќе ја регистрираат средната брзина на возење, што значи дека нема да биде толерирано никакво пречекорување на брзината над 130 километри на час.