РТ ги објави првите снимки од бугарскиот камион во кој беа пронаједни 39 мртви луѓе, меѓу кои и еден тинејџер.

Како што може да се види од снимката, полициски истражувачи се подготвуваат да ги извадат телата од камионот замрзнувач, кој влегол од Бугарија во В. Британија пред неколку дена.

Но, за овој ужасен инцидент е уапсен еден 25 годишен државјанин на Северна Ирска.

Камионот бил паркиран во парк во индустриската област Есекс во Англија.

Првично беше објавено дека се работи за масовно убиство, но се’ уште нема полициска потврда за тоа.

Некои англиски медиуми шпекулираат дека починатите се мигранти и дека е возможно да се загушиле или пак замрзнале во камионот.