Камионџија влечел неколку километри автомобил под задното тркало без да го забележи(видео)

Си-Ен-Ен објави видео од граѓанин кој снимил неверојатна случка на патиштата во Америка. Имено, камионџија не забележал дека под задното лево тркало има заглавено автомобил во кој е и неговиот возач, веројатно ,,собрани“ некаде по патот за време на некое претекнување. Возачот ниту бил свесен за инцидентот, ниту пак дека неколку километри ги влече автомобилот и неговиот сопственик, за среќа неповреден. Тој сопре дури откако друг учесник во сообраќајот, кој патем ова го снимаше, го престигна и му даде сигнал да застане:

Возачот на камионот тврдеше дека не го видел автомобилот под тркалото , а ова предизвика полемика на социјалните мрежи како е тоа возможно. Коментарите се различни, но сепак повеќето кои имаат возачко искуство со големи камиони, тврдат дека е возможно, бидејќи автомобилот се наоѓа во т.н. мртов агол.
Само за десетина часа видеото има околу 2 и пол милиони прегледи.