Голема трагедија во Хрватска. Камион удри во група туристи кои одморале крај автопатот на стојалиште на потегот од Новска до Окучани.

Две деца загинаа на местото на трагедијата, а две помлади женски лица се тешко повредени, потврди за хрватските медиуми хрватската полиција.

59 годишниот возач на камион со приколка со загрепски регистерски таблички, изјавил за полицијата дека му откажале сопирачките.

Местото на несреќата, фото Индекс.хр

Двете загинати девојчиња се од седмо и осмо одделение од хрватското место Даљ, кои заедно со своите наставници и 40 ученици оделе на школска екскурзија.