Канделабри од 100.000 евра за едногодишна употреба

Канделабрите на мостот  „Мајка Тереза“, кај МАНУ, кои беа поставени на почетокот на оваа година, се пресечени или извадени, според она што може да се види од овие фотографии.

15592378_1744137272580225_1288332094_n15673411_1744137282580224_2112811097_n

 

Град Скопје треба да објасни зошто канделабрите кои чинат околу 100.000 евра не можат да издржат ниту една година.

Во јануари годинава кога се менуваа старите од град Скопје објаснуваа дека постојните не се ниту расипани, ниту уништени, туку, едноставно било потребно да соодветствуваат со амбиентот на блискиот плоштад „Пресвета Богородица“.

Медиумите тогаш известуваа дека надлежните процениле оти за новите канделабри ќе дадат околу 100.000 евра. Како што беше наведено во огласот, стануваше збор за изградба на ново јавно осветлување.

Инаку, мостот „Мајка Тереза“ до неодамна нарекуван „Мост на револуцијата“ беше комплетно реконструиран пред речиси шест години, прв пат откако е изграден пред 50 години. Притоа, доби нова ограда и илуминација, беше саниран долниот бетонски слој, целосно се реконструираа тротоарите, сливниците, рабниците, коловозот… Најзначајно било, како што напомена тогаш градоначалникот Коце Трајановски, што мостот прв пат откако постои доби комплетно нова ограда и осветлување. За обновата беа потрошени речиси 450.000 евра. Овој мост беше првиот од неколкуте што Градот ги реконструираше како своја обврска во проектот „Скопје 2014“.

Ова не е првпат град Скопје да заменува, преправа и троши пари за уредување на центарот на Скопје , иако на пример бекатон плочките, тротоарите, парковите во централното градско подрачје веќе биле обновени.

АКО.мк актуелно-објективно