Кандидатите на ВМРО ДПМНЕ водат во Кавадарци, Зрновци и во Виница

Во вториот круг од локалните избори, канддатите за градоначалници од ВМРО ДПМНЕ водат само во Кавадарци, Зрновци и во Виница.

На 45 проценти од избројани гласови, овде е евидентна предност и извесно е дека Митко Јанчев и другите двајца кандидати на ВМРО ДПМНЕ ќе извојуваат победа.

Во првиот круг победија тројца градоначалници од ВМРО ДПМНЕ.