Кандидати за азил влегле во Финска со билети за Мундијалот во Русија

Пет лица незаконски влегле во Финска со помош на билети за фудбалски навивачи за Светското првенство во Русија, а потоа и поднеле барање за азил, соопшти денеска претставник на финската гранична полиција.

Петминатата кандидати за азил се државјани на Нигерија, Мароко и Кина. Тие влегле во Финска од соседна Русија, која е домаќин на Мундијалот во фудбал и издава специјални билети за фудбалски навивачи, кои им даваат можност за безвизно патување.