Кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ Сафет Бишевац е позитивен на Ковид 19

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник на листата на ВМРО ДПМНЕ за ИЕ 1, објави дека неговиот тест за корона вирус е позитивен.

Тој најави дека со семејството ќе остане во домашна изолација под надзор на матичен лекар.

Вели дека и покрај сите мерки за заштитаа до кои се придржувал за време на кампањата, сепак се заразил од корона вирус.

,,Се чувствувам одлично и засега немам никаков проблем“-пишува Бишевац на својот ФБ профил.