Канческа-Милевска издала налог за уништување архивски материјали?

Од СДСМ денеска алрмираат дека поседуваат документ од кој се гледа дека Елизабета Канческа-Милевска која иако е избрана за пратеник се уште ја извршува и функцијата Министер за култура, издала наредба за уништување на архивски материјали.

Роберт Алаѓозовски, претседател на комисија за култура на СДСМ порача да не помислат Канческа Милевска и нејзините соработници во Министерството за култура да уништуваат архивски материјали! Во моментите кога се водат преговори за формирање ново парламентарно мнозинство и нова Влада, Министерството за култура сака да уништува архивски материјали-рече тој.


Се работи за документ кој што е испратен испратен пред 6 дена до сите единици во Министерството за култура. Во него се бара да се направат листи и евиденции, меѓу другото и за уништување на архивски материјал-вели Алаѓозовски.

Порачуваме однапред, во име на граѓаните на Македонија кои избраа промени и одговорно и совесно владеење, дека не поминуваат никакви оправдувања од Канческа Милевска и нејзините соработници за овој скандалозен потег.

Им порачуваме на вработените во администрацијата, да не дозволи криминалната власт во заминување да ги искористи и да ги вовлече во незаконски активности, за што следува и одговорност.

Во очи правење нова Влада, ова иницирање постапка на уништување архивски материјали, ги прави оправдани сомнежите што со нас ги споделија чесните вработени од областа на културата – дека намерата е да се уништат вредни документи што сведочат за неправилно и незаконско работење во Министерството за култура-порачаа од СДСМ.