,,Политички театар”-вели Канческа-Милевска

(обновено) Ова е политички театар од кој треба да има корист СДСМ, а со помош на Специјално јавно обвинителство е коментарот на министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска по дво часовниот распит во судот.

– Се работи за политички театар во корист на СДСМ, потпомогнато од СЈО – рече видно вознемирена Канческа-Милевска која застана кусо пред новинарите.

Таа рече дека сè што имала да каже за случајот „Тендери“, кажала  на конференцијата за печат што ја одржа минатата недела Музејот на ВМРО, за кој се однесуваат тендерите за кои се сомничи министерката.

Претходно, во придружба на адвокатот Никола Додевски, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска дојде на распит во Основен суд Скопје 1 за случајот ,,Тендери” што го отвори СЈО.

Таа  се соочи со прашањата на обвинителката Фатиме Фетаи која пред десетина дена ги образложи сомнежите за злоупотреба на службена положба од страна на министерката, фаворизирајќи ја градежната фирма Бетон од Штип за изведување градежни работи околу објектот на Музеј на ВМРО.

Истиот ден, Канческа Милевска одржа конфузен прес во простории на музејот, презентирајќи документи од спроведување на постапка за тендерот, но не даде одговор на клучното прашање на што се темели обвинението, а тоа е нејзин телефонски разговор со сосптвеникот на Бетон, во кој таа му вели да продолжат со работата бидејќи условите во тендеот со штелувани за нив и ниедна друга фирма нема да се пријави на тендерот. А и да се пријави нема да ги исполни условите.

Според СЈО, заради ваквата нелегална и договорена постапка буџетот на државата е оштетен за еден милион евра.

 

Фото-Фокус