Канческа-Милевска се крие зад вработените во Министерство за култура

Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска иако не беше спомната со име и презиме, реагираше со прес коференција во Музејот на државноста, кој беше дел од истрагата на СЈО, поточно јавни набавки за него.

Таа со куп документи од тендери пред себе рече дека е тажно што по една таква работа и ангажман на сите вработени во Министерството, СЈО се ставило во служба на една политичка опција.

Не зборувајќи во свое лично име туку во име на сите граѓани како што рече, очекувала попрофесионално работење од СЈО.

Повторувајќи , рече дека нема да дозволи некој да ги оцрнува вработените во Министерство за култура.

Наводите на СЈО што ги пласираше обвинителката Фатиме Фетаи ги нарече рекла-казала.

Сите предмети се чисти како солза, рече Канческа-Милевска.

Го стави на увид пред новинарите договорот за Јавна набавка во врска со градежните работи изведени од страна на градежната фирма Бетон од Штип.

Зборуваше за детали од Јавната набавка која е предмет на истрага. Според неа се работи за партерно уредување околу музејот, а не за градежни работи.

СЈО објави наводи од прислушувани разговори во кои дошле до сознание дека раководител во Министерство за култура, договарал телефонски со сопственикот на Бетон од Штип кои услови ќе ги стават во документацијата за тендерот.

Таа му рекла да продолжат со работата, бидејќи ниедна фирма нема да може да ги исполни тие услови, освен веќе спомнатата- Бетон од Штип.