80 пратеници, меѓу кои и пратениците на ВМРО ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска Старова, Емилија Александрова, Зеќир Рамќиловиќ, Владанка Авировиќ…гласаа ЗА уставни промени.

Другите пратеници на ВМРО ДПМНЕ, станаа од своите места за да се видат пратениците од нивната пратеничка група кои ќе гласаат за отворање на процесот за пристапување кон измена на Уставот заради обврските од Договорот со Грција од Преспа.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Драган Данев, побара поединечно гласање, по што секретарот на собранието, Цветанка Иванова, ги читаше пратениците , а тие гласаа.

И поединечното гласање го потврди истиот резултат, па претседателот на Собрание, Талат Џафери, овјави дека е донесена одлуката за уставни измени.