Капитенот Кире Лазаров го заврши своето учество на европското првенство заради повреда

ЕХФ на својот твитер профил  потврди дека за капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, европското првенство во ракомет е завршено.

Тој се повреди во 11-та минута од вчерашниот натпревар меѓу Македонија и Шпанија, по што македонската репрезентација доживеа дебакл.