Каракачанов: Илинденското востание е бугарско и е дел од заедничката историја

Илинденска Македонија е едно од можните имиња за Македонија, кое било разговарано вчера меѓу лидерите на Македонија и Грција. Ова го соопшти вицепремиерот и лидер на ВМРО Красимир Каракачанов за Би Ти Ви.

“Илинденска Македонија, сум чул за тоа, исто и Вардарска, Северна. Илинденското востание е едно бугарско востание, дел од нашата заедничка историја”, вели Каракачанов.

Според него, двете земји постигнале напредок во разговорите.

,,Немаме претензии кон името на Република Македонија,но  имаме претензии да не ја игнорираме историјата и да бараме да не ги прогонуваме луѓето со бугарска самосвест во Македонија“, рече тој.

Тој истакна дека е важно овој спор за вештачкото име да заврши. Повеќе луѓе живеат во Бугарија отколку во Македонија, историски сме поврзани, како што се Грција и Кипар и Србија и Црна Гора, рече Каракачанов.