Каракачанов: Ја браневме каузата на етничките Бугари од Македонија, никогаш не сме зеле пари за бугарски државјанства

,,ВМРО никогаш не земала пари за документи за бугарско државјанство, секогаш сме ја бранеле каузата на етничките Бугари од Македонија, Молдавија и Украина и се боревме  да добијат државјанство по олесната постапка“-се брани министерот и лидер на ВМРО, Красимир Каракачанов, по повод обвинувањата на новинарот и политичар Велизар Енчев дека неговата партија со предзнак ВМРО, се финансирала од парите за мито добиени за потврда за бугарско потекло при добивање државјанства.

Енчев вчера соопшти дека за апсењата во Агенцијата за Бугари во странство под обвинение за трговија со бугарско државјанство, политичка одговорност треба да понесе Каракачанов. Според него, Агенцијата за Бугарите во странство е под надзор на Валери Симеонов (НФСБ), но од 2014 година досега за сите директори на агенцијата гарантирал и ги предложил Красимир Каракачанов (ВМРО).

Велизар Енчев, повикувајќи се на изјави и тврдења на  поранешната директорка на Агенцијата за Бугарите во странство,Катја Матев, поднесе барање до институциите да спроведат темелна истрага за улогата на Каракачанов во целиот скандал.

Красимир Каракачанов призна дека тој го предложил, сега  уапсениот и обвинет за корупција Петар Харалампиев за претседателот на Агенцијата за Бугарите во странство, но сега се вади на тоа дека био грешка неговото именување.

Харалампиев е лидер на патриотски движење, кое е во коалиција со Обединетите патриоти, прецизира бугарскиот вицепремиер.

Тој ги опиша изјавите на Енчев и Матева како клевета и политички напад.

Според него, Катја Матева е отпуштена од Министерство за правда за спречување на државјанство за етничките Бугари и приоритетно давање на државјанство на етничките Турци.

,,Таа доброволно ги суспендира датотеките. Од 2016 година има истрага, а потоа на САНС му е забранет пристапот до класифицирани информации. Нејзината политика беше да ги спречи Македонците да добијат бугарско државјанство и да даде приоритет турските граѓани да станат бугарски. Нејзината политика беше национално предавство “, рече Каракачанов.

Според лидерот на ВМРО, до продавање на документи за државјанство дошло токму поради фактот дека Матева намерно ја искомплицирала процедурата за државјанство на етнички Бугари.