Карантин и заострени мерки во повеќе европски држави поради влошување на епидемиолошката состојба

Словенија од денеска воведе карантин во 7 од 12 региони за да се спречи ширењето на заразата од корона вирусот. 

Во овие седум делови на земјата,меѓу кои е и Љубљана, на јавни места е забрането собирање на повеќе од 10 лица. Жителите не смеат да го напуштат својот регион, освен заради професионални обврски или здравствен третман. Задолжително е носење на заштитна маска и на отворен простор.

Словенија изминатите денови имаше висока стапка на заразени, а според последните податоци за 24 часа се регистрирани 700 нови случаи. 10 лица почина.

Од 27 земји членки на ЕУ, 17 се во црвената зона.

Во Франција е прогласен полициски час во неколку градови.