Кардиф официјално им се обратил на клубовите од Премиерлигата за помош, сакаат да не ја платат отштетата за Емилијано Сала кој трагично го загуби животот во авионска несреќа.

Кардиф и Нант се договрија за отштета од 17 милиони евра за Аргентинецот кој на пат од Нант до Кардиф трагично загина во авионска несреќа, не одигра ни минута за тимот од Велс кој има правна обврска да му ги исплати милионите на Нант.

Кардиф моли за правна помош кај останатите клубови во Премиерлигата, сепак експертите сугерираат дека тоа е речиси невозможно но челниците на клубот од Велс ангажираа адвокати кои се обидуваат да изнајдат решение во правната борба со клубот од Франција.

Кардиф се надева дека ке докаже дека агентот на Сала ги измамил со трврдењата дека повеќе клубови од Премиерлигата биле заинтересирани за Аргентинецот. Кардиф испратил писма до клубовите од Премиерлигата да истражат дали Кристал Палас , Фулам, Вулверхемптон и Барнли биле навистина во „игра“ за потписот на Сала.

Клубот од Велс најави дека ставовите на клубовите ќе ги презентира на суд во правната борба да ја избегне обврската за исплата на 17 милиони евра на Нант.