Кардиф се соочува со казна доколку не исплати 17 милиони евра за трансферот на починатиот Емилијано Сала тврди новинската агенција „ Press Association“ од Британија.

Договрот меѓу Нант и Кардиф беше верификуван од УЕФА пред кобниот лет на Емилијано Сала, клубот од Велс има обврска на Нант да му исплати сума од 17 милиони евра според договорот и покрај големата авионска несреќа. Кардиф се жалеше но Нант инсистира да му бидат исплатени средствата според договорот.

Кардиф ја стопира исплатата на споменатата сума по авионската несреќа, Нант службено го предупреди Кардиф доколку не го испочитува догворот ќе покрене тужба.

Како што пишува агенцијата „ Press Association“ од Британија, Кардиф се соочува со одземање на бодови доколку не ја исплати во предвидениот рок првата рата од трите предвидени во договорот со клубот од Франција.

Експертот за вакви спорови, Џанпаоло Монтенери потврди дека Кардиф се соочува со разни санкции доколку не го испочитува договорот и поркај авионската несреќа.

Последиците се загарантирани, од опомена до одземање на бодови , иако станува збор за голема несреќа и трагедија, важно е да се истакне и финасиската страна, Нант со продажбата на Сала се откажа од услугите на еден клучен играч во тимот и мора да биде финасиски обештетен водејќи се од правните регулативи – изјави Монтенери.

Според Монтенери можно е спорот да заврши и пред Арбитражниот спортски суд кој ќе даде конечна одлука .