Ова е познатиот планински превој Стража. Тука илјадници патници застануваат да јадат мекици. Насекаде е ѓубре, смрдеа, прашина и валканици.

Очигледно оваа болештија, потенцијален извор на зараза, оваа грда слика не му пречи никому во Македонија.

Не им пречи на дуќанџиите наоколу кои повикуваат на крцкави мекици со сиренце, не им пречи на патниците, кои плаќаат да јадат во ваков ужасен амбиент(впрочем од нив е ова), …

…најмалку им пречи на надлежните државни институции, кои се платени да ја чуваат и средуваат околината.

И да спроведуваат закони и казнена политика.

А ова е еден од паркинзите крај патот во западна Македонија.

Со години неисчистено и трупно со ѓубре од минувачите, но и од соседните општини.

Овде локалните жители од селата и градовите доаѓаат со возила и камиони и ѓубрето и градежниот шут го истураат на стојалиштата за одмор крај патот, направени се стотици диви депонии.

Никој досега во државата не реагирал и не се обидел да го спречи и сузбие ова во корен.

И во овие моменти кога го пишувам овој текст, чувствувам мирис на запалено, се гушиме од запалените диви депонии низ Скопје. Дивата депонија во Карпош гори петти ден, во Визбегово и Шуто Оризари постојано, Вардариште исто така, насекаде…

Па господо од власта, централни и локални, каква е оваа ситуација?

Емилија Лазаревска