Катица Јанева е обвинета дека примила поткуп од 50.000 евра и мебел во вредност од 296.040 денари

Поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, во обвинението на ЈО, се товари за две кривични дела и тоа:
„Примање награда за противзаконито влијание“ предвидено и казниво по член 359 став 7 во врска со став 3 во врска со став 2 во врска со член 22, и „Злоупотреба на службена положба и овластување“ – казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што објави Јавното обвинителство, по преземените службени дејствија е утврдено дека второобвинетата Катица Јанева ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра, с евели во обвинението во кое е објаснето на кој начин Јанева ја злоупотребила својата висока позиција во СЈО на овој линк:

ako.mk