Кај скопската обиколница се запали БМВ во кое загина возачот, двајца полицајци се тешко повредени

Попладнето кај скопската обиколница се случи страшна сообраќајна несреќа кога полициска патрола застанала возило БМВ кое се движело со голема брзина.

Додека полицајците разговарале со возачот во возилото БМВ налетал камион, по што автомобилот се запалил.

Возачот изгоре во автомобилот ,а двајца полицајци и возачот на камионот се тешко повредени.

,,Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница, во која попладнево едно лице го загуби животот, а три се повредени. Меѓу повредените се и двајца полициски службеници.

Според првичните сознанија, несреќата се случила кога сообраќајна полициска патрола запрела возило БМВ со гостиварски регистарски таблички кое возело со брзина поголема од дозволената. Додека полициските службеници разговарале со возачот на автомобилот, на нив налетал камион со скопски регистарски таблички. Од ударот, автомобилот БМВ се запалил и целосно изгорел. Притоа, на лице место животот го загубил совозачот во автомобилот БМВ.

По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција врз починатото лице, додека од возачот на камионот ќе бидат земени примероци од крв и урина заради испитување на присуство на алкохол или други супстанции кои би можеле да влијаат на неговата способност за управување со превозно средство. Врз камионот ќе се врши вонреден технички преглед со цел да се утврдат причините за несреќата“-соопшти обвинителство.