Македониија и Полска вечерва го играат дербито во Г групата во квалфикациите за ЕП.

Двете селекции немаат пораз, Полска има две победи, Македонија, победа и нерешено.

Горан Пандев смета дека овој меч ке го одреди патот на нашиот национален тим во овие квалфикации, бидејќи Полска е голем тест за оваа генерација.

Атмосферата е одлична, се подготвуваме добро и знаеме дека ни следат два тешки натпревари. Сепак, концентрирани сме само на натпреварот против Полска. Овој натпревар треба да ни го покаже патот во квалификациите. Ако ги победиме можеме да се квалификуваме на Европско првенство. Но, знаете каков тим и какви поединци имаат Полјаците во своите редови. Со помош на публиката можеме да се радуваме. Оваа генерација е зрела, најдобра со која сум играл во репрезентацијата и овие натпревари се вистински да го покажеме квалитетот и нашиот нов победнички менталит, рече Пандев.

Натпреварот се игра вечерва од 20-45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, покрај оваа средба, во нашата група се среќаваат и Австрија – Словенија и Летонија – Израел.