Келнерка го обвини Раиконен за сексуално злоставување

 Пилотото на Ф1 тимот Ферари, Кими Раиконе,н е обвинет за сексуално вознемирување, засега од неименувана келнерка. Жртвата го пријавила финскиот возач за сексуално злоставување за време на Големата награда во Монтреал во 2016 година, каде што работела во барот како келнерка. Наводно, Раиконен против нејзина волја ја допирал за градите, а неговите пријатели за другите интимни делови од телото додека таа им ја носела сметката.

 Според канадските медиуми, Раиконен ги отфрли наводите за злоставување и тврди дека не ја знае засегнатата жена, па случајот најверојатно ќе заврши на суд.