Кембриџ настава не им одговара на нашите основци

Неодамна спроведената анкета на „Тиквешија ИНФО“ покажа дека тиквешани не се за „Кембриџ“ во основното образование. Тие се изјаснија дека „Кембриџ“ треба да замине од училиштата кај нас што поскоро, а не и да го прошируваме.

Еве само некои од одговорите на анкетираните:

– „Ајде вие (робо)владетели, кои „работите за народот“, направете нешто што сака народот, а не само да се фалите дека правите нешто, кое всушност не е ни блиску до добро, напротив, екстремно е лошо за идните генерации“.

-„ Тоа не значи дека ние во Македонија не сме многу писмени и не знаеме да читаме или да множиме, туку едноставно не сакаме погрешни и непотребно комплицирани работи. Значи ако нешто е грешно,според сегашните услови, мора да е точно оти е по Кембриџ, а ние сме неписмени па тоа,не го сфаќаме, нели “?

-„Физика? Дали гравитацијата ќе ги турка предметите нагоре наместо надолу“?

Ова се само дел од коментарите на револтираните тиквешани.

-„Кембриџ, тој што го вовел тој да учи. Како прво тој, што го преведувал не знае англиски. Како второ учебникот нема организација. Како трето не е соодветен со дадената наставна програма“,-коментира мајка на дете од второ одделение.

Во својот револт граѓаните одат дотаму што ги интересира и тоа колку тежи овој бизнис, па поддржувачите на „кембриџ“ не сакаат да се откажат од него. Прашуваат и дали измачувањето на децата може да се плати?

-„ Задачите кои ги добиваат од наставниците многу често не можат да ги разберат,па и да ги прочитаат, а не пак и да ги решат,вели мајка на основец. Воопшто не се размислува дали тие операциии се соодветни за нивната возраст од 7,8 години. Детето не сака да учи,нервозно е, се срами дека не може да одговори, а мене ми е уште потешко, коментира мајка на третодделенец.

Според нив, од oбрaзoвниoт систем требa децaтa дa се нaучaт и дa рaзмислувaaт сaми и пoширoкo, нo првен требa дa сфaтaт кaкo се дели и мнoжи, зa дa рaзмислувaaт зa други нaчини.Амa мaтемaтикaтa и oнaкa е тешкa, a сегa уште повеќе ја искомплицираа.

%d0%ba%d0%b5%d0%bc2

Неодамна од МОН најавија дека од учебната 2017/18 година Кембриџ програмата ќе влезе и во средното образование преку математика и природни науки ,физика, хемија и биологија .

-„Ќе создадеме подобри услови за работа на наставниците – поквалитетни програми и учебници, примена на посовремени методи, а тоа ќе вроди со подобри резултати кај нашите ученици – изјави Весна Хорватовиќ, директорка на Бирото за развој на образованието.

Македонија е една од 160-те земји што во образовниот процес имаат воведено Кембриџ, а реформата за воведување на адаптирани наставни програми од ваков вид започна пред три години во основните училишта во земјава, без да се води сметка околу тоа колку имаме капацитет тоа да го прифатиме и колку сме подготвени успешно да го реализираме.

Сите поддржуваме реформи, но кога станува збор за толку специфична работа како што е образованието, тука мора да се постапува многу внимателно и промислено. А кога веќе се донесе една реформа, треба да и дадеме простор да заживее, па оттука да можат да се увидат сите нејзини евентуални слабости и пропусти.

Можеби Кембриџ и ја развива логиката кај децата , но само ако се креативни и посветени 100%. Но дали имаме услови за таква програма и дали имаме доволно обучен кадар, е тоа е веќе нешто друго.

Билјана.Н.Тошевски