Кејот на Вардар во центарот на Скопје ќе биде шеталиште

Вака одлучи мнозинството советници на општина Центар, кои  со 12 гласа „за“ практично ја стопираа натамошната изградба на сообраќајница . Тие донесоа одлука шеталиштето зад трговскиот центар да остане шеталиште и повторно да се уреди како пешачка зона со зеленило, клупи, жардињери.

Граѓаните, сопственици на објектите на кејот на Вардар кои присуствуваа на седницата, со аплауз го поздравија носењето на оваа одлука.

Советниците од советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ жестоко се спротиставија на ваквата одлука . Сепак, тие рекоа дека ете ако одлучат така грѓаните ќе застанат зад нивната одлука, но сепак не гласаа против изградба на сообраќајница.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, потенцираше дека одлуките се носат за стопирање на градба на улица на кејот на Вардар.

Изминатиот викенд беа извадени коцките и почна оградувањето на овој дел од кејот заради изградба на сообраќајница. Но, општина Центар испрати инспекција која го стопираше натамошното градење, а како што беше најавено на вонредна седница се потврди и официјално овој став.