Кејт и принцот Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со машко дете, нејзино трето дете со принцот Вилијам. Третото дете на Кејт и Вилијам се родило 1 минута по 11 часот претпладне, во болницата Света Мери во Лондон, и тоа на британскиот национален празник, денот на Свети Ѓорѓи. Веста ја потврдија со официјалното соопштение и од Кенсингтонска палата.

Кејт Мидлтон и бебето се во добра здравствена состојба, се потврдува во соопштението.

Машкото бебе тежи 3 килограми и 800 грама, а на породувањето присуствувал и принцот Вилијам.

На улиците на Лондон владее славеничка атмосфера, а граѓаните се собираат да и го честитаат третото дете на војвотката. Кејт и Вилијам веќе имаат син, Џорџ, и ќерка Шарлота.

Телевизиски екипи и новинари се пред болницата и очекуваат да биде објавено името на бебето. Многумина се обложија на имињата Елвис, Артур и Џејмс.

Foto> Daily Mirror

архива