Кејт Мери Брнс ќе го замени Џес Бејли на амбасадорското место во Скопје

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја номинираше Кејт Мери Брнс (Kate Marie Byrnes) за иден амбасадор во Македонија. Таа е дипломат од кариера, а во моментот е заменик шеф на мисија во амбасадата на САД во Грција.

Претходно, таа била заменик шеф на мисијата и заменик постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена. Во својата кариера  работела во американската амбасада во Мадрид, Шпанија, потоа била на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел. Бирнс зборува шпански, унгарски и турски јазик.

Веста за нејзиното номинирање е објавена на официјалната страница на Белата куќа, а на својот профил на социјалната мрежа Твитер, ја сподели и актуелниот американски амбасадор во Македонија Џес Бејли.

Бејли беше Амбасадор на САД во Македонија од  2014 година.