Кинеска донација со над 5.000 тестови за КОВИД 19 и медицинска опрема на пат кон Македонија

Донација од Народна Република Кина со над 5000 тестови за Covid -19 и лична заштитна опрема, маски и скафандери тргна денес од Шангај за Истанбул, информираше вицепремиерот, Бујар Османи.

,, Се организираме за пренесување до Скопје.Благодарам на НР Кина.
Благодарам на вработените во Секретаријатот за Европски Прашања кои неуморно работат на обезбедување на донациите“-напиша Османи на ФБ.

Кинескиот амбасадор пред неколку денови во име на државата донираше 30.000 евра помош за здравствените институции.