Кинескиот невидлив борбен авион

 

Ова е новиот кинески борбен авион-ловец, популарниот Ј-20.

 

На аеромитинг во Пекинг, Кина го претстави новиот невидлив борбен авион Ј-20, кој претставува своевиден одговор на популарниот американски невидлив ловец US F-22 и F-35, кои Америка и Јапонија наскоро ќе ги ангажираат на Пацификот.

Овој борбен авион првпат имаше пробен лет во 2012, но дури сега беше официјално промовиран.

Борбениот Ј-20 е нова генерација на кинеските нивидливи летала, направен да ги задоволи потребите на евентуалните идни борбени потреби.

 

Инаку, прикажувањето на невидливиот авиона на пошироката јавност е своевиден преседан, бидејќи кинеската армија секогаш е воздржана и конспиративна кога станува збор за нивните воени достигнувања.
nevidliv
avion-kina-1-600x330

Овој вид авиони, популарните СТЕЛТ (Stealth) првпат  се направени во САД, а тие се практично невидливи за радарите.

За НАТО и посебно Америка, вистински шок претставуваше уривањето на невидливиот борбен авион Стелт испратен во мисија над Србија.

Тогаш, полковникот во војската на Југославија Золтан Даниј, успеа  да го урне над едно сремско село, што е првпат во историјата на постоењето на овие борбени авиони.