Кинескиот претседател за првпат во посета на Вухан по избувнување на корона-епидемијата

Кинескиот претседател, Си Џипинг, допатува во градот Вухан, каде првпат беше регистриран вирусот Ковид19 и кој е во карантин подолго време.

Како што соопшти кинеската државна телевизија, Џипинг ќе ги посети здравствените работници, полицајците и волонтерите кои се на првите линии во справување со оваа голема и смртоносна епидемија.

Се верува дека неговата посета на Вухан е сигнал дека Кина го ставила под контрола ширењето на заразниот вирус, што се гледа од неколкудневниот тренд на новозаболени.