Кинеските астронаути се вратија на земјата

Астронаутите Џинг Хаипенг и Чен Донг по еден месец во орбитата , се вратија на земјата, пренесува АФП.

Тие, на 17 октомври се вивнаа во вселената со космичкиот „Шенџоу-11“, кој беше лансиран од космодромот „Џиукван“ во пустината Гоби. Сега слетал во Монголија.

Астронаутите поминаа најдолго време досега во вселената , а за 30 дена во кинеската вселенска лабораторија „Тјангонг-2“, вршеа истражувачки проекти во врска со поправка на опремата во вселената.

Пекинг вложува милијарди долари во развој на вселенската програма, за да им парира на русите и на американците.