Кирацовски: СДСМ води во Битола

Социјалдемократскиот сојуз на прес-конференцијата што предмалку ја одржа во Битола информира дека е во водство пред ВМРО-ДПМНЕ.

Првчините резултати се 20 408 гласови за СДСМ наспроти 16 908 за ВМРО-ДПМНЕ, информираше Александар Кирацовски додека членовите на партијата скандираа „Победа”.

-Со над две третини од пребројаните гласови во Битола, СДСМ е во убедливо водство пред ДПМНЕ…Кога правдата и вистината ќе прозборат, победата на праведните и чесните е неизбежна. Им благодариме на граѓаните за огромниот процент на излезност и на огромната поддршка. – рече Кирацовски.

Стотици граѓани во моментов се излезени во центарот на градот од каде ечи „Битола е слободна!”