Кирацовски ќе го тужи Азманов за тврдењето дека нарачувал текстови против него

По интервјуто на бизнисменот и градежник, Зоран Азманов, за порталот Инфомакс, поранешниот генерален секретар на СДСМ и актуелен пратеник, Александар Кирацовски, најави тужба против него.

,,Трендот на лажни вести мора да запре.
На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај.

За лагите и клеветите (на ниво на глупости), кои господинот Зоран Азманов ги искажа во интервјуто за извесен портал, ќе добие соодветна тужба, секако после шансата да се извини“-објави на социјалните мрежи Кирацовски.

Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!, вели Крацовски.

Зоран Азманов во интервјуто го спомна Кирацовски дека нарачувал текстови против него во некои портали.

Бизнисменот Зоран Азманов во интервју за Инфомакс раскажа како бил рекетиран од Бојан Јовановски . Тврди дека знае кој го нарачал рекетот и кој стои зад целата афера. Вели дека Боки 13 ниту во сон не можел да го прави тоа без поддршка од власта. Тој ја обвини и конкуренцијата за неговото оцрнување со објавување информации од неговиот приватен живот. Според Азманов, зад овој дел од неговиот линч стои бизнисмен од градежниот сектор, како што рече, немакедонец.

– ,,Имам докази, зад мене стојат СЈО и Финансова полиција“. Вака ми кажа Боки кога му се јавив да го прашам зошто објавува за мене дека сум бил градежна мафија. Јас немам ниту една фактура кон државата.Никогаш не сум работел со државата. Милион евра годишно плаќам данок на државата. Боки 13 не платил во животот едно денарче данок.– вели Азманов.

,,Еднаш реагирав до порталот Доказ да симне објавени невистини во врска со мојот приватен живот, но уредникот ми рече дека не може ништода направи додека не му каже Кирацовски! Замислете!“ – вели Азманов во интервјуто.