Кирацоски во обид да ја смири тензијата во СДСМ порачува дека никој нема право да го дели членството на партијата

Никој нема право да го дели членството на СДСМ!-пишува на својот ФБ профил поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацоски.

Кирацоски реагира на реакциите на партиското членство по скандалозното интервју на Заев и реакцијата на Бранко Црвенковски.

,,Зоран Заев е лидерот со неприкосновена доверба кај членовите на СДСМ, човекот кој се соочи со тестот на судбината и ги преброди сите премрежја за добро на државата и граѓаните, додека многумина за тоа го распнуваат. Бранко Црвенковски е партиска икона кон кого членството има почит.

Ние како социјалдемократи не смееме да дозволиме меѓусебен јаз поради легитимното размислување на кого било во партијата, затоа што демократијата е во основата на нашето делување. Се знае каде е историјата, а каде иднината – И двете се во СДСМ!“-пишува Кирацоски.

Додава:,,Социјалдемократскиот сојуз на Мaкедонија испиша плодна историја основајќи ги темелите на современата македонска држава! СДСМ ја обезбеди европска и НАТО иднина и перспектива! СДСМ сплотена и обединета, ќе излезе како победник и од овие предизвици!Лидерството кое пред крупни одлуки се базира на јавното мнение, не е лидерство туку следбеништво, а СДСМ знае само за Лидерство!“-вели Кирацоски.

По интервјуто на Зоран Заев за бугарска агенција во кое изнесе низа неодмерени видувања за македонско-бугарските односи преку призма на историските настана од и по Втората светска војна, бура во редовите на владејачката партија.

Бурата се зголеми по барањето на почесниот претседател и поранешен лидер Бранко Црвенковски, членството да се огради од ставовите на Заев и да заседава Централниот одбор.

Наместо тоа, вчера поддршка за Заев од актуелното раководство на партијата и осуда за Црвенковски.

Во партиското соопштение му порачаа на поранешниот лидер дека тој е историја.

Интервјто на Заев предизвика силни, главно, негативни реакции во целата македонска јавност, но и на просторите на поранешна Југославија.